Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Извлечени телата на двајцата патници во воздухопловната едрилица што се урна во близина на грчкиот остров Крит

– Со помош на нуркачи биле извлечени телата на двајцата патници во воздухопловната едрилица што попладнево се урна во морскиот дел северозападно од грчкиот остров Крит, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според истите информации, станува збор за двајца мажи, пилот и сопатник, чии тела биле преземени од брод на крајбрежната служба и пренесени на копно, од каде што биле префрлени во болница.

Причините за падот на воздухопловната едрилица засега се непознати, а во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција учествуваа брод и возило на службата, хеликоптер на военото воздухопловство, два крузери и два рибарски чамци. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира