Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ја затворил и брутално ја тепал поранешната девојка – Се трага по битолачнецот кој е во бегство

Триесет и девет годишен битолчанец, на 21 октомври ја зел со возило од пред нејзиниот дом поранешната девојка, ја удирал со тупаници по главата, па ја однесол во викендицата во Нижеполе каде ја затворил и ја тепал еден шас со шлаканици, тупаници и клоци. Девојката неможејќи да го издржи сето тоа посегнала по нож и се обидела да се самоубие со пресекување на вените, по што битолчанецот продолжил да ја тепа.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог до судијата на претходна постапка за одредување мерка притвор, но се дознава дека осомничениот е во бегство.

Зачлени се на нашиот е-билтен