Стевчо Јакимовски објави нов пост на Фејсбук и ги повика на одговорност Ивица Георгиевски – Фреди и Александар Николовски, актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој е најчесто поврзуван со бизнисите на Фреди.
На својот Фејсбук профил, освен постирана фотографија од немилиот настан, тој напиша:
Со ова багерче ли се копа волква јама? Се, се, само профитот да биде поголем.
Ова е машина за копање ровови за местење кабли, а не за градежни јами. И наместо со багер со гасеници, копале со багер со тркала. Во какви ли маки починал кутриот човек? Ќе се огласи ли БИСИ? Ќе се огласи ли Ивица Георгиевски – Фреди?
Ќе се огласи ли Александар Николовски?
Имавте ли градежна дозвола денот кога е направено ова злодело поточно 24.11.2023?
Со ова официјално тој ги опомена сите институции да отворат очи во решавање на предметот.