Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јаневска ги обвинува училиштата, а таа не им ги продложи договорите на личните асистенти

Откако го призна проблемот со личните асистенти Весна Јаневска се обидува да се оправда со тоа што обвинува други, реагираше денеска СДСМ на изјавите на министерката за образование и наука.

Сите и се криви на Весна Јаневска, денеска ги обвинува училиштата, директорите, а таа не им ги продолжи договорите на личните асистенти, укажуваат од оваа партија.

Од СДСМ појаснуваат дека Без согласност од МОН ресурсните центри не можат да објават оглас и сосема е јасно дека вината е кај Весна Јаневска.

Од почетокот на учебната година ниту едно дете со попреченост не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти.

Зачлени се на нашиот е-билтен