Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јаневска: Нема опција да се зголемат платите на наставниците


По изјавата на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, дека не се планира зголемување на платите на наставниците, таа и денес беше прашана дали ќе има промени во одлуката.

„Секако дека ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да ги измотивираме наставниците на сите можни начини. Наставниците не се депримирани само ради средствата со кои се покрива нивниот труд, има и многу други елементи кои ги вознемируваат и прават незадоволни. Почитта од страна на родителите, почитта од страна на учениците, почитта од страна на општеството итн“, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека се отворени за разговор и дијалог, но мора да се земат во предвид реалните можности.

„Сите знаете во каква состојба ја наследивме државата, не само во образованието. Нашата цел е да ја стабилизираме државата и да започнеме од таму да градиме понатаму. Ако се појави можност која не зависи само од министерот, ќе ја разгледаме, но во моментов не гледам таква опција“, додаде Јаневска.

Зачлени се на нашиот е-билтен