Иако во јавноста беше соопштено дека учениците од седмо одделение годинава до септември ќе добијат нови учебници, односно соодветни на новата концепција, сепак тоа нема да се случи, соопшти новата министерка за образование Весна Јаневска.
– Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, некои не се одобрени, а некои се без рецензија или не се ни напишани. Волшебно стапче да имаме нема да стигнеме до септември – рече министерката Јанвеска пред почетокот на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација.
Таа кажа дека децата и од септември треба да учат од учебниците од кои учеле минатата учебна година, но дека министерството мора да провериме дали одговараат на програмата, и дали се компатибилни на копнцепцијата. Надлежните велат дека учебниците се соодветни, освен неколку теми за кои може да се направат наставни материјали, вели Јаневска.
– Ќе ја одложиме концепцијата за седмо, осмо и деветто. Ако некоја тема не е соодветна во учебниците наставниците ќе треба да им посочат друга литература и да им ја предадат темата – рече Јаневска.
За недела-две најави дека ќе соопштат какво решение ќе се изнајде. Смета дека во Македонија ниту учениците, ниту наставниците не се спремни да не учат од учебници, а искуството покажало дека и во земјите од западот, како Шведска, по воведување на дигитализацијата повторно се враќаат и на учебниците.
Таа најави дека ќе има дополнување и измени на начинот на кој се спроведува образованието за децата со посебни образовни потреби и секако поголем број на образовни асистенти за кои имаме голема потреба.
– Има проблеми, бидејќи состојбата на буџетот не е добра, но ние ќе сториме максимум за да можат тие деца со посебни образовни потреби да се стекнат со соодветно образование – рече министерката Јаневска.
Јаневска го коментираше и иселувањето на младите од државата, а оние кои се стипендираат да учат во некоја друга држава остануваат таму.
– Општествените состојби влијаат на преселба младите да заминат надвор од државата, но и мжностите кои државата им ги нуди влијае на таквата одлука. Дополнително, млади луѓе во текот на студиите се отселуваат,наводно за да студираат на подобри универзитети и не се враќаат назад – додава Јаневска.
Таа смета декла корупцијата, криминалот и непотизмот придонесува за ваквцата состојба, па затоа најави, во однос на универзитетие дека ќе ги модернизираат студиите за да останат студентите овде да работат и да се развиваат, секако, во сорабoтка со бизнисот.