Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јапонците покренаа истрага за авионската несреќа на аеродромот во Токио

Јапонските сообраќајни власти покренаа истрага за судирот на патнички авион и авион на крајбрежната стража на аеродромот во Токио.

Photo: William Manzione

Инспекторите ги испитуваат јагленосаните остатоци од патничкиот авион, додека медиумите јавуваат дека полицијата истражува и можно професионално невнимание во овој случај.

Сите 379 лица во авионот на Japan Airlines беа евакуирани и спасени откако авионот се запали по несреќата при слетувањето на аеродромот Ханеда.

Пет од шесте членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража што замина на мисија по земјотресот кај западниот брег на Јапонија загинаа. Капетанот преживеа, но беше тешко повреден.

Луѓе во запалениот Airbus A350

Несреќите на пистата некогаш беа голем безбедносен проблем, но станаа многу поретки благодарение на модерната технологија и процедурите за надгледување на земјата, велат воздухопловните експерти.

Јапонските власти објавија дека засега не е јасна причината за несреќата.

Поврзано:

Авион на „Џапан Ерлајнс“ се запали на аеродромот Ханеда

https://frontline.mk/2024/01/02/avion-na-apan-erla-ns-se-zapali-na-aerodromot-haneda/embed/#?secret=G81eTu1eVp#?secret=VUnvyIj33b

Сите 367 патници од авионот на „Џапан Ерлајнс“ се безбедни, петмина загинати во авионот на крајбрежната стража

Треба да знаете
Moже да ве интересира