Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Jапонска киберпанк журка овој петок во Бруталиск

Вечер на јапонска поп-култура се одржува денес во Скопје во организација на japan@mk и Бруталиск на бул. Илинден 38А. Настанот започнува од 19 часот со проекција на киберпанк аниме филм “memories”, а продолжува со дистописки ди-џеј сет на Andreas HZ од 21.30. Во меѓувреме, на настанот ќе се продаваат аниме фигури и киберпанк постери од animeshop.mk, манга стрипови од mangashop.mk, торби со киберпанк тема од foreground.totebags, дизајнерска облека инспирирана од киберпанкот на mariguccha, како и накит од chaotic.dolls и factory_girl. За добро расположение организаторите нудат јапонско саке и пиво по промотивни цени.

Организаторите за темата на вечерашниот настан велат: „Киберпанк е место каде што владеат корпорациите, а обичните луѓе се зависни од технологијата. Тоа е дистописка визија за иднината под капитализмот. Ова звучи неодоливо познато бидејќи денешниот свет во многу што наликува на таа визија од осумдесетите години на дваесеттиот век. Наместо кибер телесни додатоци ги имаме нашите смарт телефони како кибернетска екстензија на нашите мисли, претстави, спомени и идни проекти. Текоблеката е веќе дел од масовната консумеристичка приказна, а секојдневно се нурнуваме низ киберпросторот да се сретнеме со нашите пријатели или да бистриме некакви политики. Неретко да ја формираме нашата посакувана заедница. Токму затоа и ние се обидуваме да ја собереме заедицата на љубители на киберпанк естетиката на едно место во живо.“

Ова е втор ваков настан во организација на japan@mk, откако првиот се реализираше со огромен успех минатата година во Јавна Соба. Организаторите најавуваат многу публика, современа јапонска култура, автентични јапонски производи за купување и јапонски пијалоци и многу забава.

Зачлени се на нашиот е-билтен