Јавниот долг на Албанија 14,1 милијарди евра или 54,02 отсто од БДП, најниско ниво во последните десет години

Јавниот долг на Албанија продолжи да се намалува во текот на тековнава година, кој на крајот на јуни, достигнал ниво 54,02% од БДП, наспроти 54,21% на крајот на 2024 година. Ако се претвори нивото на јавниот долг во вредност, на крајот на јуни, тој се проценува на 14,1 милијарди евра, во споредба со 14,2 милијарди евра во март годинава.

Според Министерството за финансии ова е најниската регистрирана вредност на јавниот долг во последните 10 години, која во 2014 година изнесува над 72 отсто.

„Намалувањето на јавниот долг укажува на разумна фискална политика, како и на добро управување со портфолиото во целина. Но, јакнењето на лекот во однос на странските валути, исто така, имаше позитивно влијание врз оваа ситуација, оценуваат од министерството.

Во последните месеци, еврото и доларот се разменуваат на многу ниски, рекордни нивоа, што влијаеше на намалувањето на каматите за долгот на Албанија во странска валута.

„Перформансите во наплатата на приходите, исто така, имаа влијание врз намалувањето на нивото на долгот. За периодот јануари – јуни 2025 година, приходите достигнаа околу 366 милијарди леки, што споредено со истиот период, е околу 22,8 милијарди леки или 6,7% повеќе, стои во објавата на министерството.

Главната цел на Министерството за финансии ќе продолжи да биде фискална консолидација, држење на трошењето под контрола и зголемување на приходите, со цел намалување на нивото на јавниот долг.

Зачлени се на нашиот е-билтен