Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јавноста прво го отфрли, а сега го бара Законот за рестриктивни мерки на Бујар Османи

Бујар Османи

Минатаата Влада на 16 јануари годинава едногласно со консензус изрази политичка волја и го достави до Собранието Предлог законот за рестриктивни мерки, а со кои се предивидува правните акти на САД и Обединетото Кралство да бидат валидна основа за ставање на лица или компании на домашниот список на санкции.

Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

Законот не стигна да биде усвоен од Собранието, но имаше отпор од стручната фела како и од тогашната опозиција.

Ставот на Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше дека носењето на закон за рестриктивни мерки во оваа форма како сега, би значело воведување на еден паралелен систем.

„Ние не можеме да воведуваме паралелни системи кои што се резултат на нечии желби,“ велеше Мицкоски„ „Оставете ја црната листа на САД, таа е нешто сосема друго. Не треба нас Стејт департментот или Департмент од џастис или Департмент оф трежри да ни кажуваат – овој е на црна листа зошто е корумпиран, а тој не е“.

Но Мицкоски сепак со право забележа дека имаше јавна дебата, од страна на професори по кривично право, од кои како што, забележа , еден добар дел се поблиски до СДСМ, а еден дел од нив беа и активисти на Шарената револуција, кои искажаа жестоки критики на овој закон кој беше влезен во собраниска процедура.

Така што, Закон – да, но да биде уставен и да одговори на сите оние вистински потреби кои што значат борба против криминалот и корупцијата“, рече Мицкоски во интервјуто за ТВ 21.

Но сега со последната „црна листа“ на Стеј Департментот на која се најдоа Артан Груби и судијата Ебвер Беџети, јавноста заговара домашните институции да бидат проактивни, онака како што беше предвидено со несудениот закон за рестриктивни мерки.

Денеска слушаме од претседателката Гордана Силјановска-Давкова како се залага за слични мерки.

„Постојат во меѓународното право, постојат и во меѓусебните односи начини како да се дојде и до тие докази и да се започне постапка овде зошто во спротивно ние не реагираме тогаш кога мора да реагираме и всушност на тој начин го толерираме беззаконието. Значи, очекувам судот, очекувам јавниот обвинител да почне да постапува, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во однос на одлуката на американскиот Стејт департмент, за ставање на црна листа на Артан Груби и на апелацискиот судија Енвер Беџети“.

За иронијата да биде поголема, предлозите за рестриктивни мерки на тогашниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, ќе требаше да се однесуваат токму на неговите сопартијци Артан Груби и на судијата Енвер Беџети.

Зачлени се на нашиот е-билтен