Фановите на Денвер Нагестс деновиве навистина имаат причина да слават, повтроно сè се врти околу името на Никола Јокиќ.
Кошаркарите на Денвер синоќа го остварија својот десетти последователен триумф на домашен терен против екипата на Шарлот Хорнетс.
Синоќа српскиот центар запиша 11 асистенции против Хорнетс, надминувајќи две легенди на листата на сите времиња во НБА – Мајкл Џордан и Чонси Билапс.
Јокиќ сега е на 51-во место, а негови следни „мети“ се Карим Абдул-Џабар и Лари Берд.
Покрај тоа, Јокиќ доминира во повеќе од една игра. Во периодот 2020-2025 година, тој е водечки НБА играч во четири главни статистички категории:
Најмногу поени: 13.242
Најмногу скокови: 6.030
Најмногу асистенции: 4.326
Најмногу украдени топки: 703
Единствената категорија во која тој не е на врвот се блоковите – Мајлс Тарнер сè уште води таму.
Јокиќ е првиот играч во историјата на НБА кој бил најдобар стрелец, скокач, асистенција и крадец на топка во истата деценија – подвиг што ги надмина дури и најголемите, како што се Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

