Никола Јокиќ, синоќа постигна нов трипл-дабл во победата на Денвер против екипата на Чикаго со резултат 136:120.
Јокиќ мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот.
Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот српски кошаркар.
Со тоа, тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го легендарниот Оскар Робертсон.
Прв на списокот е кошаркарот на Сакраменто кингс, Расел Вестбрук со 207 трипл-дабл.