Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јорданскиот крал Абдула Втори во разговор со Бајден апелираше за траен прекин на огнот во Газа

Јорданскиот крал Абдула Втори во разговор во Вашингтон со американскиот претседател Џозеф Бајден, апелираше за целосен прекин на огнот за да се стави крај на војната во Газа.

Говорејќи во Белата куќа, двајцата лидери се изјаснија против копнената офанзива на Израел врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, каде поради конфликот се засолнија повеќе од милион Палестинци.

„Не можеме да дозволиме израелски напад врз Рафах. Сигурно е дека ќе произведе уште една хуманитарна катастрофа. Не можеме да стоиме на страна и да дозволиме ова да продолжи. Потребен ни е траен прекин на огнот, војната мора да заврши“, додаде кралот Абдула, кој постојано повикува на целосен прекин на огнот за да се стави крај на конфликтот што започна со нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Бајден рече дека САД работат на заложнички договор меѓу Израел и Хамас што ќе донесе затишје од најмалку шест недели, додавајќи дека клучните елементи постојат, но останале празнините. Тој, исто така, рече дека цивилите кои се засолнуваат во Рафах на египетската граница „мора да бидат заштитени“ додека Израел размислува за копнеен упад.

Бајден и Абдула се сретнаа синоќа за прв пат по нападите на 7 октомври, а американскиот претседател го означи лидерот на сојузникот како клучен играч на турбулентниот Блиски Исток.

Двајцата водачи разговараа и за напорите да се спречи ширењето на конфликтот во регионот.

Јорданскиот монарх ќе ги посети и Канада, Франција и Германија во услови на меѓународни напори да се постигне договор за пауза во конфликтот во Газа и ослободување на заложниците што таму ги држи Хамас.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново