Јовановска: Македонски Германци изгубени во Брисел

Колумна на Слободанка Јовановска – краток новинарски преглед.

Јовановска пишува дека европскиот пат на Македонија е заглавен во проста порака од Брисел: без уставни измени со внес на Бугарите – нема напредок во преговорите. Владата, пак, бара гаранции што ЕУ не ги дава и така создава привид дека „проблемот е таму, не кај нас“.

Авторката критикува и нејасна надворешна политика: тврда реторика кон Софија, конфузни потези кон ЕУ и промашени настапи во Европскиот парламент. Во НАТО, вели таа, испраќаме мешани сигнали – формално сојузници, практично без иницијатива. Заклучокот ѝ е едноставен: Брисел очекува исполнување на преземените обврски, додека ние јавно бараме нешто што никој таму не може да го испорача.

Повеќе од авторскиот текст и анализата прочитајте ги тука

Зачлени се на нашиот е-билтен