Јавното сообраќајно претпријатие е пред целосен распад, а за последните случувања во кои млади луѓе сведочат дека им биле побарани 50 денари за да се возат во ноќна линија на автобус и покрај тоа што имале билети за слободно возење, веќе трет ден молчат.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа во кои контроли во ноќен автобус со број 2, бараат патниците пред се млади луѓе, да платат 50 денари пред да влезат во автобусот.
Редакцијата на Рацин.мк пред три дена испрати прашања за овој случај, како и дали постои некаква регулација на ноќните линии во однод на важностас на билететите за слободно возење, но одговор од ЈСП не пристигна.
Спроед сведоштвата на млади девојки, се отворало само по една врата од автобусот, со што се создавал и дополнителен метеж, а автобусот стоел на постојките повеќе од 10 минути.
Во видеото објавено на социјалната платформа ТИК ТОК се гледа како младите луѓе се соочени со овој проблем во доцните ноќни часови и како се создаваат големи гужви на автобуските постојки, бидејќи автобусите губат и по десет минути на една постојка.
Тие велат дека нивните слободни карти како средношколци и студенти им важат 24 часа, иако според предходните правила слободните карти не важеа после полноќ.
Дека претпријатието се соочува со сериозни финансиски проблеми покажува и фактот што градоначалничката Данела Арсовска бара од Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одржи утре, да се изгласа ново субвенционирање во висина од 2,6 милиони евра за непречено да се одвива јавниот превоз во градот иако ЈСП „Скопје“ во јануари годинава доби субвенции од Градот во висина од 11 милиони евра.
Беа доделени 140 милиони денари за да се спроведе бесплатниот автобуски превоз за пензионери и студенти, 485 милиони денари за потешкотии во работењето или да може да се подели плата на вработените и 60 милиони денари за функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот.
„Во насока на подобрување на транспортната услуга на граѓаните на подрачјето на градот Скопје како и непречено одвивање на јавниот превоз, се предлага сумата од 485.000.000 денари да се заменува со износ од 645.000.000“. стои во образложението на одлуката за субвенционирање.
Патниците постојано се жалат дека автобусите доцнат, а и вработените неколку пати протестираа и штрајкуваа поради неисплата на нивните плати.