Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јужна Кореја и Куба воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја воспостави дипломатски односи со Куба, соопшти нејзината мисија во Обединетите нации, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Агенцијата истакнува дека изненадувачкото зближување може да биде удар за Северна Кореја, која долго време се фали со своите „братски односи“ со оваа латиноамериканска земја.

Вчера во седиштето на ОН во Њујорк постојаните претставници на двете земји во меѓународната организација разменија дипломатски ноти со што го одбележаа воспоставувањето официјални односи. Куба е 193-та земја со која Јужна Кореја воспостави дипломатски односи.

Иако Куба формално ја призна Јужна Кореја во 1949 година, билатералните односи прекинаа откако Фидел Кастро ја презеде власта на крајот од Кубанската револуција во 1959 година. Од друга страна, Куба и Северна Кореја, кои се сојузници од ерата на Студената војна, продолжија да одржуваат блиски меѓусебни врски откако за првпат воспоставија дипломатски односи во 1960 година.

Во Куба моментално живеат околу 1.100 луѓе со корејско потекло. Според владините податоци во Сеул, во периодот пред пандемијата на Ковид-19, просечно околу 14.000 Јужнокорејци го посетувале островот секоја година. ј

Зачлени се на нашиот е-билтен