Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг истрелал неколку крстосувачки ракети

 Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети кон отворено море, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетите биле забележани утринава и паднале во морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти Генералштабот на армијата во Сеул. 

Деталите за инцидентот се уште се анализираат во соработка со САД, наведе јужнокорејската армија.

Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, е предмет на меѓународни санкции поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетна програма. За разлика од балистичките ракети, тестовите со крстосувачки ракети не подлежат на забраната на ОН наметната кон оваа изолирана земја.

Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за распоредување нуклеарни боеви глави. За разлика од балистичките ракети, наведуваните ракети имаат свој постојан погонски систем.

Во текот на изминатите две години Северна Кореја значително ги зголеми своите ракетни тестирања и ја интензивираше својата непријателска реторика против јужнокорејската и американската влада.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново