Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кабинетот на Рама ја објави агендата на Самитот на Берлинскиот процес

Самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува за првпат во регионот, поточно утре во Тирана, ќе ги собере сите лидери на балканските земји, земјите – членки на Европската унија и највисоките претставници на ЕУ.

Прес-службата на албанскиот премиер Еди Рама, ја објави целосната агенда на овој Самит, прв во регионот на Западен Балкан, во земја која не е членка на ЕУ.

-Во 11 часот ќе биде пречекот за лидерите, а по половина час, во 11:30 часот е отворањето. Во 12:00 часот започнува работната сесија „Интеграција на регионот на заедничкиот европски пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ“, а во 13:30 фамилијарна фотографија. Во 15:30 започнува втората работна сесија за поддршка на зелената и дигиталната транзиција во Западен Балкан, наведуваат под кабинетот на Рама.

Додаваат дека во 16:45 часот во Тирана свечено ќе биде отворен колеџот на Европа, со присуство на реткорката Федерика Могерини.

-Во 17:30 часот ќе биде потпишан регионалниот договор за меѓусебно признавање на професионалната квалификација, 17:45 часот е заедничката прес-конференција, а во 18:30 инаугурација на реконструираниот објект „пирамидата“,  наведуваат под кабинетот на Рама.

Попладнево во Тирана ќе допатува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која, како што е најавено ќе оствари средба со шефот на државата Бајрам Бегај.

Според медиумите, на самитот нема да присуствува италијанската премиерка Џорџа Мелони, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, но е потврдено присуството на премиерката Ана Брнабиќ.

Како што информираа надлежните, за безбедноста ќе бидат ангажирани над 1600 полициски службеници и 400 гардисти. Почнувајќи од вечер во 20 часот до утре во 20 часот, воведен посебен сообрајќаен режим.

Зачлени се на нашиот е-билтен