Качакова: Постојана едукација за намалување на говорот на омраза кон ЛГБТИ заедницата

Согласно мотото на овогодинешниов Skopje Pride горда сум што имав можност да бидам дел од програмата, а секако бев и гласна на стадионот на АРМ со настапот како диџеј. Овде не мислам само на јачината на звукот туку и на концептот и изборот на музика која освен што те тера да играш со себе носи и вредносни пораки за „протестот на љубовта“- изјави за Трн, Виолета Качакова, културна работничка.

„Токму и затоа е важна парадата на гордоста, која во исто време претставува протест против насилството, предрасудите, стигмата и нееднаквата позиција на ЛГБТ+ лицата; марш за видливост и присутност на оваа заедница; и манифестација на ослободена љубов. Skopje Pride и оваа година обедини голем број на граѓани од различни генерации да маршираат за еднакви права и квалитет на живост на маргинализираните и исклучени сограѓани. Секако предизвикот за поширока општествена актуализација на ова прашање во насока на намалување на насилството, нееднаквоста и говорот на омраза останува. Неговото намалување бара континуиран третман преку процесите на (ре)едукација гледано во најширока смисла и насочено кон сите генерации, а особено преку начинот на презентација на информации во јавниот простор од страна на медиумите, носителите на јавни функции и јавните личности. Успешноста на секоја борба за еднакви права бара поширока општествена свесност, ангажман и политичка акција, не само на професионалните групи кои директно работат и ги застапуваат оние кои се обесправени.“- вели Качаков ден по Skopje pride.

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен