Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац рече дека ќе продолжат да го напаѓаат Хезболах со цела сила и нема да прифатат прекин на огнот.
„Нема да се согласиме на ниту еден прекин на огнот, нема да ја тргнеме ногата од гасот и нема да прифатиме никаков договор што не вклучува постигнување на воените цели“, рече Кац.
Претходно тој кажа дека Израел го поразил Хезболах и дека убиството на Хасан Насрла било клучен потег.
„Сега наша работа е да продолжиме да вршиме притисок за да ги донесеме плодовите од таа победа“, рече Кац за време на церемонијата во Министерството за надворешни работи на Израел.
Кац рече дека Израел не е заинтересиран за мешање во внатрешната либанска политика бидејќи Израел ги научи лекциите, но дека се надева дека меѓународната коалиција политички ќе ја искористи оваа можност и дека Либан ќе им се придружи на другите земји во нормализирањето на односите со Израел.