Кадетите на Македонија на ЕП 2026: победа над Луксембург 25–17

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација се пласира на Европското првенство 2026 во Србија, откако во завршното трето коло на квалификациската група во Луксембург го совлада домаќинот со 25–17 (13–9). Избраниците на селекторот Горан Кузмановски мораа да победат за првото место по попладневниот расплет — Финска претходно ја совлада Грција со 29–25 — и задачата ја завршија сигурно, со цврста одбрана и контролиран ритам во второто полувреме. Поповски со шест и Ѓеорѓиески со пет погодоци беа најрасположени во нашиот табор.

Македонија ја отвори мини-турнирската група со триумф над Финска (36–29), а во второто коло несреќно загуби од Грција со 31–32 по испуштено водство во финишот. Со денешниот втор триумф, „црвено-жолтите“ ја заверија визата за завршниот турнир во 2026 година, каде што генерацијата добива шанса да го потврди напредокот против најдобрите во Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен