Запрашан за најавената акција на премиерот Мицкоски за борба против корупцијата, професор и доктор по казнено право на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев за Рацин.мк вели дека „секако дека мора да има одговорност за ова што ни се случува. Акцијата сепак повеќе ми личи на акција за спас од сопствената одговорност“.
Запрашан да ја толкува разликата меѓу моралната и кривичната одговорност, Калајџиев вели:
„Овде пред сѐ мислам на кривичната одговорност. Морална одговорност е лично чувство за одговорност и не се проверува на избори, на избори следува политичка одговорност“.
„Дали власта има намера да се бори со корупцијата ќе видиме многу бргу при изборот на државен јавен обвинител. Сѐ ќе биде многу јасно“, порача професорот Калајџиев.
Во кусиот разговор за Рацин.мк, професорот и доктор по казнено право на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев, потсети на негова претходна изјава дека „партијата (власта) не може да биде ударна тупаница во таа борба затоа што партиите и власта се легло на корупцијата. Само независен јавен обвинител може да ја води таа битка“.