„За да решите некој проблем треба прво да се соочите со него. Дали имаме јасна цел, каде сакаме да сстигнеме, па треба да го погледнеме проблемот во очи и да го решаваме. Во спротивно може да се однесуваме дека немаме проблем или дека имаме проблем, но е нерешлив и да ја ставиме главата во земја и да чекаме подобри времиња. Ние чекаме 30 години и времето на чекање мора да престане. Мора да ги земеме работите во свои раце, сега е топката кај нас“, рече пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева во „24 анализа“ на ТВ24.
Таа додаде дека единствен политички услов за отворање на поглавјата за членство во ЕУ, што е прифатен со преговарачката рамка е ставањето на Бугарите во Уставот и дека други услови не може да има.
„Преговарачката рамка е усовена од сите членки и точно се знае што треба да направиме з ада ги отвориме поглавјата и да тргнеме во она што се вели преговори до конечно членство во ЕУ“, истакна Калеска-Ванчева.
Пратеничката додаде дека многу држави кои сега се членки на ЕУ се соочувале со слични проблеми во минатото, но дека го надминале тоа во процесот на пристапување и истото треба да го направиме и ние.