Четири недели пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Камала Харис има благо водство од 3 процентни поени пред противкандидатот Доналд Трамп, според анкетата на Њујорк Тајмс објавена денеска.
49 отсто од испитаниците на национално ниво рекле дека имаат намера да гласаат за кандидатката на Демократите, актуелната потпретседателка, во споредба со 46 отсто за нејзиниот републикански противкандидат.
Харис пополека добива поддршка и од гласачите кои се републиканци. Според анкетата, 9 отсто од републиканците својата поддршка ја даваат на демократската кандидатка.
Актуелната потпретседатела се обидува да допре до овој електорат со уверување дека некои умерени републиканци не сакаат уште еден претседателски мандат од 78-годишниот милијардер познат по своите испади.
Минатата недела, Харис организираше предизборен митинг заедно со поранешната републиканска кандидатка Лиз Чејни, која беше одбиена од Доналд Трамп. Харис, исто така, во вторникот ја повтори својата намера да назначи републиканец во нејзиниот кабинет доколку биде избрана.