Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Камерон: Иран ја дели одговорноста за спречување на нападите на Хутите во Црвеното Море

 Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон јасно му стави до знаење на иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан во телефонски разговор дека Иран ја дели одговорноста за спречување на нападите на Хутите во Црвеното Море.

„Јасно ставив до знаење дека Иран ја дели одговорноста за спречување на овие напади, со оглед на нивната долгогодишна поддршка за Хутите“, напиша Камерон во објавата на социјалната мрежа „Икс“.

Шефот на британската дипломатија нагласи дека нападите претставуваат „закана за недолжните животи и глобалната економија“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира