Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН го поздрави ослободувањето на Џулијан Асанж од британски затвор

 Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации го поздрави пуштањето од затвор во Велика Британија на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

„Го поздравуваме ослободувањето на Џулијан Асанж… во Велика Британија и значителниот напредок кон конечно решавање на овој случај без дополнително притворање“, изјави Елизабет Тросел, портпаролка на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации.

Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ослободен по пет години минати во британски затвор. 

Се очекува утре тој да се појави пред американскиот федерален суд на Маријанските острови. Потоа ќе му се даде право да патува во Австралија, соопшти Викиликс.

Според Тросел, „случајот Асанж“ покренува голем број прашања за човековите права.

„Премногу долгото задржување на Асанж е исто така причина за загриженост. Ќе продолжиме да го следиме развојот на ситуацијата во наредните денови“, рече Тросел. 

Зачлени се на нашиот е-билтен