Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

Кандидат за градоначалник на Град Скопје од Европскиот фронт ќе биде Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на „Народното движење“. Кандидатурата на Реџепи ја објави на својата Фејсбук страница лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија „Народно движење“. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети. 

Тој додава дека Реџепи има долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество.

„Неговата кандидатура претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Северна Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој. Националната алијанса за интеграција убедена е дека со Скендер Реџепи – Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој знае реалноста, го слуша граѓаните и работи за сите подеднакво“, наведува Ахмети.

Зачлени се на нашиот е-билтен