Новиот тајвански претседател ќе биде Вилијам Лаи (Лаи Чинг-те) од Демократската прогресивна партија (ДПП). Станува збор за поранешниот потпретседател на Тајван, кандидат кој не и одговара на Кина.
По преброени над 90 отсто од избирачките места, тој има освоено пет милиони гласови, а главниот противник од опозициската Националистичка партија КПП, Хоу Ју-их заостанува со еден милион гласови, објавија медиумите.
КПП го призна поразот.
„Ви благодарам многу. Дадов се од себе. Многу сум тажен што не успеав да постигнам промена на власта. Многу ми е жал. Се надевам дека сите страни ќе можат да се соочат со предизвиците на Тајван. Ни треба обединет Тајван. Имаме многу прашања и проблеми, потребна ни е влада која ги решава, како и влада која ќе им служи на младите“, изјави Хоу Ју-их.
Лаи Чинг-те во текот на кампањата вети дека ќе ја држи Кина под рака. Кина најверојатно ќе го засили притисокот врз Тајван по неговата победа.