Кандитатот за градоначалник на СДСМ Трајановски со порака до младите: Ќе бидам ваш партнер и заедно ќе ги градиме политиките во општина Аеродром (ВИДЕО)

Ќе бидам партнер на младите и заедно ќе ги градиме политиките во општина Аеродром, рече Трајановски.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, за скопската општина Аеродром, Александар Трајановски, на младите им порача дека како иден градоначалник заедно ќе ги гради младинските политики во општината.

Тој рече дека младите мора да бидат во фокусот, бидејќи тие се двигателот на општеството и затоа СДСМ, посветува посебно внимание на создавање политики и мерки кои директно ќе го подобрат нивниот живот и ќе им отворат нови можности.

Во таа насока, рече Трајановски дека е предвидено, креирање Фонд за млади со кој финансиски ќе бидат поддржани младите претприемачи и младинските организации.

Предвидено е и:

-Формирање Локален младински совет, кој ќе биде гласот на младите во општината;

-Изработка на Младинска стратегија и акциски план, со јасно дефинирани приориети и цели;

-Поддршка и промоција на младите таленти, како и развој на услуги за кариерно насочување, доквалификации и преквалификации во соработка со образовни центри и институции, модернизација и целосна дигитализација на училиштата, со современа наставна опрема и едукативни средства;

-Организација на редовни превентивни здравствени прегледи за младите;

-Поттикнување на културни и спортски настани од интерес за младата популацција;

Токму со овие мерки, рече Трајановски младите ќе имаат услови да се развиваат, да ги остваруваат своите потенцијали и да ја градат иднината тука во својата општина.

„Драги средношколци, студенти, млади, јас Александар Трајановски ќе бидам ваш партнер и заедно со Вас ќе ги градиме политиките во општина Аеродром. Заедно со Вас младите ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром“, рече Трајановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен