Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каранфилова-Пановска: Скандал без преседан е тоа што претседателката на Судски совет се повлекува под притисок на премиерот

„Претседателката на Судскиот совет си дава оставка поради притисоци од премиерот. Во било кое друго демократско општество тоа е скандал без преседан – нејзината изјава дека оставката ја дава поради притисок од премиерот“ изјави заменик-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска во емисијата „Клик-плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги партизираат институциите на државата и независните институции.

„Во второстепените комисии, формирани од Собранието и независните институции кои имаат улога да вршат ‘чекс-енд-балансес’, се менуваат членовите без на тие комисии да им истече мандатот. Која е потребата да се менуваат членовите, ако не е намерата да ги полните со ваши кадри и да правите партизација?“ запраша Каранфилова-Пановска.

Зачлени се на нашиот е-билтен