„Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на претходно. Гледаме како се одразува на сигурноста и безбедноста на граѓаните, како негативно се одразуваат нивните политики на тоа што значи економски напредок, на тоа што значи подобри услови за водење на бизнис во оваа држава. За прв пат една влада во првата година од своето владеење не успеа да обезбеди навреме плати за административците, ова е влада којашто не го враќа данокот на додадена вредност на бизнис секторот. Оваа влада со исклучително и единствено популистичка политика заговара линеарно покачување на пензиите од илјада денари коешто не е во интерес на над 95% од самите пензионери“, рече Каранфилова Пановска во интервју за Канал 5.
Во немоќ да ги решаваат вистинските проблеми, во немоќ да го направат животот на граѓаните полесен немаат што друго освен од нивната партиска говорница по трипати во денот да ги повторуваат истите дегутантни небулози, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.