Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Катар ја повика меѓународната заедница да го спречи „геноцидот“ во Рафа

Катар денеска ја повика меѓународната заедница да го спречи „геноцидот“ во Рафа, откако Израел ја презеде контролата врз граничниот премин кон Египет во близина на тој град.

Во соопштението од Катар, кој посредува во преговорите за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, се апелира за „итна меѓународна акција за да се спречи инвазијата на градот и извршувањето геноцид“.

Во градот Рафа и неговата околина, на југот на Појасот Газа, повеќе од половина од жителите се засолниле од конфликтот во други делови на таа територија.

Преминот Рафа и денеска е затворен. Синоќа се слушнале спорадични експлозии и пукотници, а рано утринава две силни експлозии.

Треба да знаете
Moже да ве интересира