Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Казнети со по две години затвор три лица кои нападнаа новинар во Косово

Основниот суд во Приштина ги осуди денеска на по две години затвор тројцата обвинети за нападот врз новинарот Ваљон Сиља во април годинава, јави дописник на МИА од Приштина.

Според одлуката на Судот, на осудените Л.Д., К.Х. и О.Х ќе им се смета и времето поминато во притвор и куќен притвор. Тие се осудени за кривично дело „лесна телесна повреда“.

Барањето на Сила за отштета од 30 илјади евра Судот го одби.

По пресудата, новинарот Сиља изјави дека за него е било важно неговите напаѓачи да бидат казнети.

– За мене не беше важно дали се осудени на една или две години затвор. За мене беше важно тие да бидат казнети, нивното име да стои како осудени и во иднина да не можат да станат дел од полицијата, ФСК (Безбедносните сили на Косово) или други институции, рече Сиља.

Нападот врз познатиот косовски новинар и политички аналитичар се случи од верски причини, односно поради неговите критики на сметка на имамот на една џамија во Призрен. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново