Ако возите со лактот низ прозорецот казната ќе ве одере. Според новиот правилник, дури и секојдневните, навидум безопасни дејствија можат скапо да ве чинат. Некои од новините изгледаат речиси неверојатно, но законот ги третира сериозно, а казните воопшто не се симболични.
-Потпирањето на лактот на отворен прозорец додека возите може да ве чини од 85 до 338 евра
-Ако го оставите автомобилот да работи со вклучен клима уред, ризикувате казна од дури 216 до 432 евра
-Возењето без маица, што е вообичаено во топли денови, на места како Неапол и Фиренца може да се казни со 500 евра
-Миењето на автомобилот на улица може да ве чини помеѓу 105 и 422 евра
-Непотребното користење на сирената – на пример од нервоза – може да се санкционира со казна до 168 евра.
Исто така, навредите упатени кон полицајци или карабинери автоматски повлекуваат казна од најмалку 102 евра. Новите прописи се дел од поширока кампања на италијанските власти за зголемување на безбедноста и зачувување на јавниот ред, но и за подигање на свеста за животната средина и намалување на бучавата и загадувањето.
Ако се најдете зад воланот во Италија ова лето, обрнете внимание на ситниците што можеби дури и не ги забележувате дома, бидејќи во Италија тие можат да се третираат како прекршоци.