Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе поскапи ли струјата – Тендерот на ЕВН ХОУМ ќе биде објавен на 15 ноември

На 15 ноември универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ ќе го објави тендерот на кој ЕСМ треба да достави понуда за тоа по која цена ќе ја продава својата струја во следниот период. Сега цената на мегават час од електрани чини 60 евра. Дали ќе биде повисока или пак може би ќе се намали треба да се знае до крајот на идниот месец, пишува Телма.

Според информациите, за два дена односно на 24 месецов, ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА треба да објави пак повик на кој ќе се избира понуда со цена на струјата со која ќе се покриваат загубите. Енергетските компании веќе ги доставиле и пресметките за трошоците, регулаторна ги анализира. Сите овие параметри влегуваат во крајната цена на електричната енергија за домаќинствата. Но, најмногу каква ќе биде таа ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ.

Компанијата извесен период работи лошо. Пoради тоа што Владата одлучи да не им дава пари од буџетот, тие од домашните банки побараа кредит од 80 милиони евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново