Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе се договорат ли Трамп и Путин и во чиј интерес, украински или руски?

„Таков договор најверојатно нема да биде во наш (европски) интерес, ниту во интерес на Украина. Затоа што на Русија едноставно и дава дел од окупираните територии, со порака до Украина дека нема да стане членка на НАТО најмалку 20 години“, рече чешкиот претседател Петр Павел на отворањето на самитот за одбрана во Прага.

Оваа порака доаѓа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека би можел да преговара со Владимир Путин за конечно ставање на крај на руската агресија врз Украина, но оти таков договор најверојатно нема да биде во најдобар интерес на Украина и на Европската унија. Дополнително, вели тој, позициите на Украина за преговори се ослабени оти западната поддршка доцнела, што пак и овозможило на руската армија да напредуваат подлабоко во украинска територија.

Според него, секој евентуален мировен договор кој би водел до предвремени отстапки на одредени украински територии, претходно треба да биде преговаран со повеќе инволвирани страни, вклучувајќи ги Европа, Кина и Индија.

Тој додаде дека секој мировен договор, дури и ако води до привремени отстапки на некои територии под руска контрола пред да се постигне дипломатско решение во иднина, треба да се преговара со повеќе страни, вклучувајќи ги Кина, Индија и Европа.

„И во оваа ситуација тешко е да се мотивира која било страна да преговара“,заклучи Павел.

На почетокот на септември Доналд Трамп тврдеше дека доколку победи на изборите ќе ги повика украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, а договор ќе биде постигнат во рок од 24 часа.

Вчера, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но тоа не значи дека тој е подготвен да ги промени барањата на Москва.

Зачлени се на нашиот е-билтен