Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе се интензивираат контролите за цените на билетите за траектите во Грција

 Преку писмо до Комисијата за конкурентност, министерот за поморство на Грција Христос Стилианидис побарал поблиска соработка за справување со појави на драстични и неоправдани зголемувања на цените на траектите во земјата, како и за заштита на потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во оваа насока, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека ќе се интензивираат контролите за цените на билетите, а постои и нов механизам што оценува изолирани случаи на неоправдани зголемувања.

Маринакис паралелно посочи дека доколку се забележи прекршување на законот или неоправдано зголемување, ќе постојат и соодветни санкции.

Според грчките медиуми, годинава, за одредени острови, цените на бродските билети се зголемени во споредба со лани. 

Зачлени се на нашиот е-билтен