Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе се врати ли Груевски во 2027 година? – Му застаре и казната за набавката на „мерцедесот“


Поранешниот премиер Никола Груевски нема да лежи во затвор за казната од две години за набавката на службениот „мерцедес“ во случајот познат како „Тенк“, бидејќи по шест години му застарува одлежувањето на казната, а му преостанува да одлежи уште една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која му застарува за три години, односно во 2027 година.

Деветте години затвор за случајот „Плацеви на Водно“, му застарува во 2043 година, но, бидејќи е осуден во отсуство, и кога би се вратил, би можел да бара повторување на постапката.

За набавката на „мерцедесот“ поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше правосилно осудена на 4 години затвор, а Ѓоко Поповски на 4,6 години затвор.

Груевски беше правосилно осуден на 4 октомври 2018 година, а во ноември истата година избега во Унгарија. Според законот, „застареноста на извршувањето на казната настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршувањето на казната“. Застарувањето е на 4 октомври 2024.

Претходно му застареа предметите ТНТ, за уривањето на комплексот „Космос“ и „Траекторија“, за провизиите за изградба на автопатиштата. Измените го спасија Груевски и од обвинението за случајот „Скопје 2014“, „Феникс“.

Зачлени се на нашиот е-билтен