На утрешното прво продолжение на 53 собраниска седница како прва неразгледана точка е Предлог законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семества, во прво читање. Ова законско решене кое се однесува на трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кочани каде изби пожар во дискотека и однесе 62 човечки животи, 59 ноќта на трагедијата и 3 неколку недели подоцна, над 200 лица повредени и остави трајни психолошки и социјални последици во настраданите лица, нивните семејства, е поднесено од пратеничката група на СДСМ и на ЛДП.
Според предлагачите, настанот ги истакна сериозните системски пропусти во доменот на безбедносните стандарди, инспекциски надзор и институционалната подготвеност за справување со вакви катастрофи, и затоа треба да се воспостави јасна, праведна и солидарна
рамка за непосредна и долгорочна поддршка на жртвите и нивните семејства,
преку дефинирани права, психолошка и социјална грижа, како и одговорност на
институциите.
Со законот тие предллагаат да се обезбеди интегриран, правно заснован одговор
на трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани, преку систематско
уредување на мерките за поддршка на настраданите лица и нивните семејства.
Законот ги поставува следниве клучни цели:
- Гарантирање на правата на настраданите лица преку обезбедување правна
сигурност и пристап до социјални, здравствени и финансиски права на жртвите
и нивните најблиски, преку јасно дефинирани обврски на институциите. - Финансиска поддршка која се регулира преку уредување на механизми за
еднократна и долгорочна парична помош, со јасни критериуми и постапка, со цел
намалување на економските последици од трагедијата врз настраданите лица и
нивите семејства. - Психосоцијална и здравствена поддршка која се состои во обезбедување
бесплатна и навремена психолошка помош, психијатриско советување,
рехабилитација и здравствени услуги, со вклученост на специјализирани тимови
и професионалци. - Социјална инклузија и рехабилитација со промовирање на мерки за
вклучување на преживеаните и нивните семејства во образовната, социјалната
и економската област. - Институционална одговорност и координација преку воспоставување на
меѓуинституционални механизми за итна реакција, транспарентност и отчетност
на институциите во справување со последиците од вакви настани.
Целта на овој закон е обезбедување сеопфатна поддршка на повредените
лица од несреќата:
- пристап до здравствени и психолошки услуги;
- рехабилитација на настраданите лица и нивните семејства;
- социјална и економска сигурност за жртвите и нивните семејства и
- реинтеграција во образовниот и работниот процес.
Предлагачите, пратениците на СДСМ и ЛДП посочуваат дека Европа е сведок на слични настани кои послужиле како аларм за системски реформи. Така, во 2004 година, во дискотеката „Republik“ во Гетеборг, Шведска, пожар предизвикан од пиротехнички средства однесе 63 животи, главно млади лица. Во 2013 година, трагедијата во бразилскиот клуб „Kiss“ со 242 загинати по што
следеа законски измени во Бразил и доведе до формирање на европски стандарди за безбедност во јавни објекти. Сличен пример е пожарот во ноќниот клуб „Colectiv“ во Букурешт, Романија во 2015 година, каде загинаа 64 лица, 27 лица ноќта на трагедијата а останатите починаа неколку недели или месеци подоцна во болниците во Букурешт и во странство, додека 200 лица беа
сериозно повредени, што резултираше со оставки на владини функционери и
усвојување на нова регулатива за јавна безбедност и контрола.
пристап до здравствени и психолошки услуги;
рехабилитација на настраданите лица и нивните семејства;
социјална и економска сигурност за жртвите и нивните семејства и
Во сите овие случаи, заедничко беше недоволната имплементација на постојните законски прописи, непостоење на ефективни механизми за превенција и бавна или неефикасна институционална реакција. Наспроти тоа, Европската Унија преку директиви и препораки поставува високи стандарди за безбедност на објекти, ефикасна инспекција и итна поддршка на жртвите. Земјите – членки со различен степен на спроведување прифаќаат модели на компензација, психосоцијална поддршка и системски пристап во справувањето со последиците од вакви трагедии.
Предлагачите наведуваат дека следствено на изнесеното погоре, Македонија е соочена со трагедијa и има обврска да креира институционален одговор кој ќе биде сензитивен, итен и ефикасен.