Керолајн Ливит: Средбата меѓу Трамп и Путин не е целосно исклучена

Белата куќа соопшти дека средбата меѓу Трамп и Путин не е целосно исклучена

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не е целосно исклучена, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

„Мислам дека претседателот и целата администрација се надеваат дека еден ден тоа може да се случи повторно, но сакаме да се осигураме дека од таа средба ќе има опиплив позитивен резултат“, рече таа на прес-конференција, според Ројтерс.

Според неа, Трамп не видел доволно акција од Русија кон постигнување мир и сака да види акции, а не само зборови за завршување на војната.

Левит рече дека Трамп е сè повеќе фрустриран и дека од него зависи дали ќе има повеќе санкции против Русија.

Трамп вчера изјави дека ја откажал планираната средба со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

Трамп тргнува на „азиска турнеја“, со планови за средба со кинескиот претседател Си Џинпинг

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела во рамките на неговото патување во Азија, објави денес Белата куќа.

Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, средбата со Си е закажана за следниот четврток.

Трамп патува за Малезија доцна во петокот навечер, објави Ројтерс.

Според планот, Трамп ќе се сретне со новиот премиер на Јапонија, Санае Такаичи, во вторник, а со лидерот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, во среда.

Зачлени се на нашиот е-билтен