Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Киев и Вашингтон дискутираа за линијата на фронтот во Украина

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров денеска изјави дека тој и новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирски телефонски разговарале за ситуацијата на фронтот во речиси двегодишната војна со Русија и за испораките на муниција со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Умеров на Фејсбук го опиша разговорот како „продуктивен“.

– Генералот Сирски даде ажурирани информации за моменталната динамика на фронтот, напиша тој на англиски. „Се разговараше за општото разбирање на ситуацијата и планот за акција. Во центарот на вниманието беше и снабдувањето со муниција“, додаде Умеров. 

Зачлени се на нашиот е-билтен