Кина оди напред! Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план

Кинескиот претседател го претстави новиот петтогодишен планл кој се базира на „висококвалитетен“ развој и технолошки иновации

Кинескиот претседател Си Џинпинг го претстави нацртот на петгодишниот план, во кој се наведени целите за земјата и владејачката Комунистичка партија.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, во својот говор на отворањето на пленумот на Централниот комитет на КПК, Си „ги објасни нацрт-предлозите на раководството на партијата“ за следниот петгодишен план за национален економски и социјален развој, за периодот од 2026 до 2030 година.

Планот треба да се фокусира, како што објавува Ксинхуа, на „висококвалитетен“ развој и технолошки иновации, а воедно да се обезбеди заштита на националната безбедност и пофер и поширока распределба на придобивките од економскиот раст.

„На нашиот пат напред ќе има тешкотии и пречки, а може да се соочиме и со големи искушенија. Мора да бидеме подготвени да се соочиме со низа нови ризици и предизвици“, се вели во него.

Пленумот на Централниот комитет на КПК ќе трае четири дена и ќе собере околу 200 членови на партијата со право на глас и 170 заменик-членови на Централниот комитет.

Тоа тело ќе го одобри Нацрт-петгодишниот план, но сите детали веројатно нема да бидат објавени сè додека не биде формално одобрен на следниот годишен состанок на законодавното тело, што се очекува во март.

Зачлени се на нашиот е-билтен