Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кина сака да посредува меѓу Иран и Пакистан

 Кина се понуди да дејствува како посредник меѓу Иран и Пакистан поради стравувањата од натамошна ескалација меѓу двете земји по меѓусебните воздушни напади, пренесува германска новинска агенција.

Еден ден откако ирански беспилотни летала ги погодија исламистичките борци во прекугранични напади со беспилотни летала, пакистански воени авиони гаѓаа наводни засолништа на националистички сепаратисти во соседен Иран.

Размената на оган меѓу мнозинскиот сунитски Пакистан и шиитскиот Иран ги зголеми тензиите меѓу двете страни, а регионалните сили како Кина и Русија ги повикаа двете земји да покажат воздржаност за да не ескалира дополнително конфликтот. Затоа Пекинг понуди да посредува во разговорите.

„Иран и Пакистан се блиски соседи на Кина, пријателски земји и земји со големо влијание, а Кина искрено се надева дека двете страни можат да ја задржат смиреноста и воздржаноста“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Доколку има потреба на двете страни, ние сме подготвени да имаме конструктивна улога за да ја смириме ситуацијата“, додаде таа.

Три жени и четири деца се убиени во пакистанскиот напад, објави иранска новинска агенција.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново