Кина се подготвува за Трамп – планира буџетски дефицит од четири отсто

Фото: Mussi Katz/Flickr

Кинеските лидери минатата недела се согласија да го зголемат буџетскиот дефицит на четири отсто од бруто домашниот производ (БДП) следната година, што највисоко ниво досега, додека ја задржаа целта за економски раст од околу 5 отсто, објави Ројтерс.

Новиот план за дефицит се споредува со почетната цел од 3% од БДП за 2024 година и е во согласност со „попроактивна“ фискална политика наведена од водечките претставници по состанокот на Политбирото во декември и минатонеделната Централна економска работна конференција (CEWC), каде што целите беа договорени, но не беа официјално објавени.

Дополнителниот еден процентен поен од БДП во трошоците изнесува околу 1,3 билиони јуани (179,4 милијарди долари). Повеќе стимулации ќе бидат финансирани преку издавање вонбуџетски специјални обврзници.

Овие цели обично не се објавуваат официјално до годишниот состанок на парламентот во март. Тие сепак би можеле да се променат пред законодавната седница.

Посилниот фискален импулс планиран за следната година е дел од подготовките на Кина да се спротивстави на влијанието на очекуваното зголемување на американските царини за кинескиот увоз, бидејќи Доналд Трамп се враќа во Белата куќа во јануари.

Кина ја одржува непроменета целта за раст на БДП од околу 5 отсто во 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен