Во организација на Меѓународниот филмски фестивал КинеНова бесплатна, од 16 до 19 октомври ќе се одржи 4-дневна работилница за пишување сценарија посветен за кратки филмови инспирирани од вистински настани, вистински луѓе и различни културни искуства.
Оваа работилница е наменета за креатори кои сакаат да стекнат искуство во пишувањето и да донесат автентичност и емоционална длабочина на екранот преку трансформирање на вистинските приказни во привлечни сценарија за кратки филмови, се вели во соопштението на КинеНова и на Културата ја движи Европа со поддршка на ЕУ.
Работилницата на учесниците ќе им помогне да идентификуваат привлечни приказни, да научат како да изберат настани од реалниот живот или луѓе кои можат ефективно да се прилагодат во формат на краток филм, да ја истражат темата преку интервјуа, весници, дневници, историски романи, да градат автентични, повеќедимензионални ликови врз основа на вистински луѓе, притоа почитувајќи ги нивните приказни и сложеност, да научат како да пишуваат синопсис и да го претстават проектот за краток филм за продукциска поддршка…
Обуката е наменете за нови сценаристи и филмаџии кои сакаат да ги истражат или усовршат своите вештини за пишување, за писатели со силен концепт или нацрт на сценарио за краток филм, и за млади и студенти кои сакаат да пишуваат филмски приказни и сакаат да стекнат искуство.
Работилницара ќе ја води Ерини Дермицаки. Таа е родена во Грција. Студирала глума, Дигитален филм и магистрирала креативно пишување на Универзитетот Тисајд во Англија. Нејзините драми „Птичја фобија“ и „Анџелета и Етелвина“ (финансирани од Советот за уметност на Англија) се поставени во театрите во Лондон. Има објавено 6 книги. Некои од нејзините драми се поставени во повеќе театри во Грција. Таа пишуваше сценарија за кратки филмови, а работеше и како сценарист за ТВ серијата „Остави како сам, мамо“. Таа предава креативно пишување од 2017 година во Грција и Англија во различни организации (Челзи Лондон театар, Американ колеџ, Катапакти, Федерација на слепи и др.). Во 2023 година беше избрана од Националниот театар на Грција да напише претстава за тинејџери за Театар и Ново училиште.
Заинтересираните за учество во работилницата до петок, 5 октомври 2024 година на мејлот workshoptale@gmail.com треба да ги испратат краток опси (максимум 1 страница) на вашата идеја за сценарио за краток филм и лична изјава (максимум 1 страница) која опишува зошто сакате да раскажувате приказни, една личност од која сте инспирирани и еден настан во вашиот живот што никогаш нема да го заборавите.
Известувањето за примените учесници ќе биде објавено во петок, на 11 октомври 2024 година.