Кинескиот претседател Кси Џинпинг следната недела ќе отпатува за Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-Си.
Кремљ соопшти дека ќе разговараат за „сеопфатно партнерство и стратешка соработка“. Посетата доаѓа откако Пекинг, сојузник на Русија, понуди предлози за прекин на војната во Украина. Западните земји го предупредија Пекинг да не ја снабдува Москва со оружје.
Ова ќе биде прва посета на претседателот Кси на Русија откако руските трупи ја нападнаа Украина.