Во раните мугри на 24 февруари, 2022 година, руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Владимир Путин кој тогаш нападот го најави како „специјална воена операција“. Денеска по повод тригодишнината од војната, Делегацијата на ЕУ, во Скопје, организираше настан. Британската амбасада во Скопје на својата фб страна ја пренесе пораката на британскиот премиер Кир Стармер:
„Три години по целосната брутална инвазија на Путин на Украина, за прв пат како генерација се соочуваме со моменти кои се значајни за нашата колективна безбедност и нашите вредности. Остануваме на страната на Украина сè до постигнувањето на праведен и траен мир. Сла́ва Украї́ні!”, гласи пораката на Стармер.