Кирил Миноски: “Со децении, екологијата ја водат некомпетентни кадри заинтересирани само за корупција”

“Екоцид – запалени депонии, отпади и шумски пожари со кои институциите не можат (или не сакаат) да се справат. Лиценци делени ‘под рака’, увоз на отпад од цел свет без да имаме пристојни депонии. Наместо модерни решенија, клучното прашање е – кој ќе го земе процентот од корупцијата, по цена на човечки животи“, пишува поранешниот министер за финансии во Владата на Емил Димитриев, Кирил Миноски, во статус на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Тој посочува дека со децении, екологијата ја водат некомпетентни и незаинтересирани кадри, а Македонија е на врвот по загаденост на воздух, вода и почва. „Здравствениот систем едвај се справува со последиците, додека илјадници политички поставени луѓе седат во управни и надзорни одбори, земаат паушали и трошат јавни средства – без да решат ниту еден проблем“, додава тој.

Според Миноски, „некомпетентноста, корупцијата и криминалот станаа нови ‘вредности’, а народот е парализиран од страв и апатија“. Тој во својата објава се повикува и на историски цитати.

Тој заклучува дека ако граѓаните продолжат да молчат, „ќе заслужат само да преживуваат – но никогаш да живеат“.

Зачлени се на нашиот е-билтен