Кисела зелка: зимската суперхрана со неверојатни здравствени придобивки

Кога ќе настапи зимата, ретко која трпеза поминува без мирисот и вкусот на кисела зелка. Покрај тоа што е совршен додаток со месо, компири или вариво, оваа традиционална зимница е и вистинска ризница на здравје.

Што ја прави киселата зелка толку посебна?

Киселата зелка настанува со природна ферментација на свежа зелка, при што се користат само сол и време. Овој процес создава карактеристичен киселкаст вкус и полн е со пробиотици, кои го поддржуваат здравјето на цревата и имунитетот.

Според нутриционистите, ферментираната зелка може да биде одличен сојузник на дигестивниот систем, но и на срцето, коските и имунолошкиот систем — доколку се консумира во умерени количини.

Хранливи вредности на 150 грама кисела зелка:

  • Калории: 27
  • Масти: 0,2 g
  • Јаглехидрати: 6,1 g
  • Влакна: 4,1 g
  • Протеини: 1,3 g
  • Натриум: 939 mg
  • Витамин C: 20,9 mg
  • Витамин K: 18,5 µg

Здравствени придобивки од киселата зелка

Го зајакнува имунитетот

Благодарение на витаминот C и корисните бактерии од ферментацијата, киселата зелка помага телото полесно да се избори со вируси и инфекции — особено во зимските месеци.

Го подобрува расположението и концентрацијата

Научните истражувања потврдуваат дека здравите црева значат и поздрав мозок. Пробиотиците од киселата зелка можат да го намалат стресот и да придонесат за подобро расположение.

Го поддржува здравјето на срцето и коските

Ферментираните намирници, меѓу кои и киселата зелка, помагаат да се намали крвниот притисок и холестеролот. Витаминот K2, присутен во зелката, го насочува калциумот кон коските и ги одржува артериите чисти.

Подобро варење и повеќе енергија

Благодарение на влакната и пробиотиците, зелката го олеснува варењето и помага да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта.

На што треба да внимавате

Иако е здрава, киселата зелка содржи големо количество натриум. Една шолја има речиси 1.000 mg сол, што може да биде проблем за луѓето со висок крвен притисок.
Ако не сте навикнати на ферментирана храна, може да почувствувате надимaње или гасови – затоа почнете со мали количини.

Киселата зелка не е само вкусен зимски специјалитет – таа е природен еликсир за цревата, срцето и имунитетот.
Јадете ја умерено, комбинирајте ја со разновидна исхрана и уживајте во нејзините придобивки цела зима!

Зачлени се на нашиот е-билтен