Во комуникациите што ги објави Plusinfo се појавуваат повеќе обиди за „ургенција“ околу кочанската дискотека „Пулс“ и кафулето Класик, на истиот газда во центарот на Кочани – вклучително и разговори во кои се спомнуваат обиди за интервенции врз високи партиски и институционални имиња, со цел да се избегне пломбирање или да се намалат санкциите.

Во еден пасус се опишува како во јуни 2023 се бара помош „да не пломбираат“, при што се наведуваат контакти кон функционери и инспекциски структури; наводите се презентирани како делови од анализирана телефонска комуникација доставена во судот како доказен материјал.
Сепак, според информациите што ги доби Рацин.мк, ниту една од тие ургенции не поминала: кафулето на газдата на „Пулс“ билo пломбирано поради неиздавање фискални сметки, согласно законската постапка, без оглед на обидите за влијание. Ова кореспондира со линијата на Обвинителството дека комуникациите служат како индиции, а не како основ за запирање на инспекциските мерки, и дека материјалот е целосно доставен на судско ценеење.
Обидите за политички и институционален притисок постоеле во комуникациите, но на терен преовладала формалната процедура – објектот бил запечатен, а ургенциите останале без ефект.
